Дома Фудбал Италија Риболовјев го купува Милан, Кинезите во трка со времето

Риболовјев го купува Милан, Кинезите во трка со времето

Иднината на Милан е една од главните теми во италијанските медиуми, а последните информации од Апенините говорат дека рускиот милијардер Дмитри Риболовјев сака да го купи клубот.

Имено, сопственикот на Монако веќе е во поодминати преговори со актуелниот сопственик Јанхог Ли и утре би требало да биде потпишан преддоговор со кој Риболовјев ќе купи помеѓу 70 и 80% од италијанскиот гигант.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сопственикот Јанхонг Ли е во трака со времето бидејќи треба да врати долг кон инвестицискиот фонд „Елиот“ од 415 милиони евра. Рокот за враќање на парите истече, па клубот од утре би можел да премине во рацете на „Елиот“.

Инвестицискиот фонд му дал позајмица на кинескиот бизнисмен од 382 милиони евра при купувањето на Милан, а целата сума која Јанхонг Ли треба да ја врати е 415 милиони евра.

Понудата на Риболовјев е околу 550 милиони евра за 70% од акциите, па Јанхонг Ли се надева дека до утре ќе биде комплетираа купопродажбата со што ќе му бидат вратени парите на „Елиот“, а тој ќе остане сопственик на 30% од клубот.

Ова се денови на одлука на судбината на италијанскиот гигант, останува да видиме кој ќе биде новиот сопственик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…