Дома Фудбал Англија Решението за одбраната на Јунајтед доаѓа од Реал Мадрид?

Решението за одбраната на Јунајтед доаѓа од Реал Мадрид?

Манчестер Јунајтед потроши 80 милиони фунти да го донесе дефанзивецот од Лестер, Хари Мегваер, бидејќи во него виде столб во одбраната, но таа инвестиција немаше исход кој се очекуваше.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мегваер не успеа да се наметне како лидер во одбраната од доаѓањето во Јунајтед па челниците на клубот сега повторно бараат скапо засилување на стоперската позиција.

Според пишувањето на Manchester Evening News, следна желба на клубот е стоперот на Реал Мадрид, Рафаел Варан за кој се спремни да платат околу 100 милиони евра.

Французинот се уште не добил официјална понуда од Јунајтед, но англисите медиуми пренесуваат дека таа може да стигне веќе во јануари. Варан има договор со Реал до 2022. година па кралскиот клуб не мора да го продава, освен ако не добие понуда која не може да се одбие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Традиција: Веќе 44 години никој не успеа да ги расипе нивните планови во првиот круг на Мундијалот

На Светските првенства речиси и да не постои репрезентација која од турнир во турнир успев…