Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е блиску до комплетирање на трансферот на Ренато Санчез од Лил.
Ренато Санчез е подолго време на радарот на „росонерите“ бидејќи во него гледаат идеална замена за Франк Кеси.
ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан постигнал договор со Лил за трансфер тежок 15 милиони евра, бидејќи Португалецот влезе во последната година од договорот.
Останува да се договорат последните детали со агентот Жорге Мендеш и се очекува во наредните денови Ренато Санчез да пристигне на прегледи во Милано.
Плејмејкерот ќе потпише 5-годишен договор со „росонерите“ и годишно ќе заработува 4,5 милиони евра плус бонуси.