Дома Фудбал Репрезентации Ремек-делото на Шаќири: Моментот на кој вечно ќе се потсетуваме кога Англија гостува во Скопје 🎥

Ремек-делото на Шаќири: Моментот на кој вечно ќе се потсетуваме кога Англија гостува во Скопје 🎥

Денес од 20:45 часот на Арената „Тодор Проески“ Македонија пред полн стадион ќе ја пречека Англија, а дефинитивно еден момент вечно ќе се повторува кога и да се сретнат овие две селекции.

Секако станува збор за ремек-делото на Артим Шаќири во натпреварот во кој против Англичаните ремизиравме 2:2 во Скопје.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Македонската фудбалска легенда директно од корнер го матираше англискот голман Дејвид Симан.

„Одлуката да му шутирам директно во голот на Симан е донесена во неколку секунди. Мислам дека никој не рекол јас утре на противничкиот голман планирам да му шутирам од корнер. Тоа ми беше трет гол од корнер. Првиот гол го постигнав со Караорман во Делчево, вториот со Вардар против Скопје на Градски“, изјави Шаќири во едно од своите интервјуа во кариерата за овој погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Францускиот гигант губеше со 6:0 на полувремето, навивачите го напуштија стадионот во 39. минута

НЕВЕРОЈАТНО прво полувреме одиграа Ница и Сент Етјен на отворањето на петтото коло од Лига…