Неколку натпревари беа одиграни во НБА лигата изминатата вечер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јанис Антетокумпо продолжи да доминира со Милвоки Бакси кои во Детроит славеа со 126:106. Грчкиот кошаркар уфрли 33 поени и додаде 16 скокови, додека Миделтон постигна 19 поени, Бледсо 19. Вуд со 18 беше најефикасен кај Пистонси. За Бакси ова беше 47. победа во 55. натпревар и во овој момент се први на истокотот, но и генерално во НБА.
Атланта со 129:124 славеше против Мајами. За Атланта неверојатен натпревар одигра Трае Јанг. Јанг успеа да постигне 50 поени и да запиша осум асистенции со што оствари рекорд на кариерата.
Хјустон со 135:105 триумфираа во Сан Франсиско против Голден Стејт. Харден натпреварот го заврши со 29 поени и 10 асистенции до дабл-дабл стигна и Вестбрук со 21 поен и 10 асистенции. Кај поразените Вингс уфрли 22 поени.
НБА резултати:
Детроит – Милвоки 106:126
Атланта – Мајами 129:124
Чикаго – Шарлот 93:103
Филаделфија – Бруклин 112:104
Сакраменто – Мемфис 129:125
Голден Стејт – Хјустон 105:135