Дома Фудбал Рекорд кој тешко ќе биде срушен: Играч на Селта доби два жолти картони буквално во една секунда! (ВИДЕО)

Рекорд кој тешко ќе биде срушен: Играч на Селта доби два жолти картони буквално во една секунда! (ВИДЕО)

Денес во рамките од 23-тото коло во шпанската Примера својот натпревар го одиграа и екипите на Гетафе и Селта Виго кој на крајот заврши со победа на домаќинот од 3:1.

Гостите до водство стигнаа уште во втората минута со голот на Арауха, за домаќините потоа да направат пресврт. Прво во 39-тата минута од белата точка погоди Мата за 1:1, а потоа во продолжение со головите на Молина во 62-та и повторно Мата во 81-та Гетафе стигна до победата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Она што го обележи овој натпревар е несекојдневната ситуација од 31-та минута кога Максимилијано Гомез буквално во една секунда доби два жолти картони и мораше да го напушти теренот.

Фудбалерот на домаќините се подготвуваше да изведе пенал, а Гомез имаше нешто да му приговори на судијата кој во супер краток временски период му покажа два жолти картони. Рекорд кој тешко дека некој ќе може да го сруши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Компани: Не искористивме многу шанси, реваншот ќе биде сосема различен!

Тренерот на Баерн, Венсан Компани, изјави дека неговиот тим во првите 30 минути од натпрев…