Дома Трансфер зона Реконструкција во Јувентус, заминуваат две ѕвезди

Реконструкција во Јувентус, заминуваат две ѕвезди

Aко му веруваме на „Тутоспорт“ на лето ќе видиме голема реконструкција во Јувентус.

Најголеми промени ќе претрпи средниот ред, кој се смета за најслаба точка оваа сезона.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Тутоспорт“ тврди дека „старата дама“ ги ставила на продажба Арон Рамзи и Адриен Рабио, кои оваа сезона не ги оправдаа очекувањата.

Двајцата пристигнаа како слободни агенти, па Јувентус ќе има чиста заработка од нивните трансфери, а клубот очекува да инкасира помеѓу 60 и 70 милиони евра.

Првата желба за средниот ред е италијанскиот репрезентативец Мануел Локатели, чија цена изнесува 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…