Дома Топ вести Реконструкција во Јувентус: Дибала заминува по „дисконтна“ цена

Реконструкција во Јувентус: Дибала заминува по „дисконтна“ цена

Неуспешниот обид да се освои Лигата на шампионите ги натера челниците на Јувентус да прават реконструкција на тимот, пишува „Кориере дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се очекува „бјанконерите“ да бидат активни на трансфер пазарот ова лето. Сигурно неколку нови ѕвезди ќе пристигнат во Торино, но тоа ќе значи и заминување на неколку стандардни фудбалери.

Прв кој е на излезна врата и од кој раководството очекува најголема заработка е Пауло Дибала. Аргентинецот оваа сезона падна во сенка на Роналдо, па неговата цена падна.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е спремен да го продаде Дибала доколку пристигне понуда од 80 милиони евра.

Алегри имал состанок со претседателот на Јувентус, Ањели на кој му соопштил дека повеќе нема да смета на услугите на Квадрадо и Даглас Коста и дека може да бидат продадени на лето. Притоа, неизвесна е иднината уште на Миралем Пјаниќ и Алекс Сандро.

Управата на „старата дама“ планира на лето да тргне во офанзива по потпис со Федерико Киеза од Фиорентина кој би требало да биде наследникот на Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…