Украинските репрезентативци го посочија утрешниот меч против Макеоднија како клучен, но знаат дека нема да биде лесно против „рисовите“.
„Македонија е многу силен тим, го увидовме тоа и на првиот натпревар во Скопје. Да, се вративме со одличен настап во второто полувреме, победивме, но далеку од тоа дека противникот беше инфериорен. Едно е јасно, ќе има многу борба и на утрешната пресметка. Подготвени сме за надигрување и нема сомнение дека нѐ очекува тежок натпревар“, изјави селекторот Ребров.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Натпреварите со Македонија и Малта, треба да ни донесат шест бода. Тоа е задолжително! Што се однесува до Македонија, сите се сеќаваат како го започнавме првото полувреме со нив на последниот натпревар. Беше многу тешко. Исто и со Малта. Ако не одиграте брза топка и не постигнете гол во првото полувреме, тогаш како одминува времето станува се потешко за играње. Но, тие бодови ни требаат. Ни требаат вкупно девет бода ако сакаме да зборуваме за пласман на ЕП“, изјави Сергеј Сидорчук.