Дома Топ вести Реал ја нервира Барса – испрати понуда за Меси!

Реал ја нервира Барса – испрати понуда за Меси!

Реал Мадрид веќе наредното лето ќе може да купува нови играчи, после намалувањето на казната, па „кралевите“ се спремаат за сензационален трансфер и испратија понуда до Лео Меси.

Јасно, во прашање е провокација и тешко е да се поверува дека Меси ќе ја прифати понудат и ќе се пресели во најголемиот ривал.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Флорентино Перез и пред две години имаше неуспешен обид да го донесе Аргентинецот, а сега сака да го искористи застојот во преговорите за нов договор и повторно испрати нова понуда за Меси.

Сепак, постојат и такви кои сметаат дека овој трансфер може да се реализира, како на пример англискиот новинар Грахам Хунтер.

„Без разлика дали Перез ќе успее во намерата, или ќе биде одбиен со потсмев, претседателот на Реал нема други опции освен да направи послден обид да го донесе Меси во Мадрид“.

„Кралевите“ сакаат да го искористат фактот што Меси сеуште нема потпишано нов договор и што има откупна клаузула, но просто е тешко да се поверува дека вакво нешто е можно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…