Дома Топ вести Реал спреми понуда за Де Геа: Ќе може ли Јунајтед да го одбие ова?

Реал спреми понуда за Де Геа: Ќе може ли Јунајтед да го одбие ова?

0
de gea

Шампионот на Европа, Реал Мадрид ќе се обиде да го направи Де Геа најскапо платениот голман во историјата на фудбалот, бидејќи подготви понуда од 113 милиони евра за трансфер од Манчестер Јунајтед.

Доколку работата се реализира, Шпанецот би бил платен двојно повеќе од досегашниот рекорд на Буфон кој во 2001. година се пресели од Парма во Јувентус за 53 милиони.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез со години се обидува да го доведе Де Геа од Манчестер, во еден обид недостасуваа само минути околу документите во финишот на трансфер периодот, а сега повторно се обнови интересот, пренесува „Manchester Evening News“.

Манчестер нема намера да се откаже од 27-годишниот голман, но Де Геа со години има намера да се врати во Мадрид, каде што со голем успех го бранеше голот на Атлетико.


Следете го Sportski.mk и на


Едно е сигурно, статусот на сегашниот прв голман на Реал, Кејлор Навас не е сигурен како додека беше тренер Зинедин Зидан и сега се бара замена за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса ја одреди цената за Дембеле: Има ли кој да ја плати бараната сума?

Иако во текот на денот се појави вест дека Барселона после погодокот во Суперпкупот против…