Реал Мадрид е новиот европски шампион. „Кралевите“ вечерва ја оправадаа фаворитската улога и славеа победа од 2:0 против Борусија Дортмунд.
Имаше Борусија свои прилики, првата голема ја пропушти Адејеми кога излезе „еден на еден“ со Куртоа, но Белгиецот лошо реагираше и не успеа да ја затресе мрежата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа беше и најголемата прилика во првото полувреме во кое не видовме погодоци.
Борусија знаеше да се закани и беше поконкретна, но како што одминуваше времето Реал Мадрид имаше се поголем посед на топката и изгледаше дека ја презема контролата.
Таквата игра се исплатеше во 74. минута кога Тони Крос изведе еден одличен корнер, а Дани Карвахал со глава ја смести топката во мрежата. Точка на финалето беше ставена десетина минути подоцна кога Винисиус Жуниор го матираше Кобел за 2:0.
Que time, que magia, o que é isso?
— Central Do Flamengo (@CentralFlaNacao) June 1, 2024
GOL de Dani Carvajal.
Borussia Dortmund 0-1 Real Madrid.#UCLfinal pic.twitter.com/kl81HJx4mS
🚨🚨| GOAL: VINI DOUBLES THE LEAD!!!
— CentreGoals. (@centregoals) June 1, 2024
Dortmund 0-2 Real Madrid
pic.twitter.com/l8FnoI2mAm
Фулкруг во продлжение ја погоди мрежата на Куртоа, меѓутоа тој гол беше поништен поради недозволена позиција.
За Реал Мадрид ова беше 15-та титула во најелитното европско натпреварување, додека Борусија Дортмунд го изгуби своето второ во трите финалиња кои ги имаше во својата исотрија. Единственото кое го победија беше против Јувентус.