Дома Топ вести Реал после продолженија ја победи Барса и се пласира во финале🎥

Реал после продолженија ја победи Барса и се пласира во финале🎥

Реал Мадрид после продолженија го елиминираше најголемиот ривал Барселона во полуфиналето од Суперкупот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралевите“ подобро го отворија мечот и од самиот старт создадоа неколку шанси. Во 24-та минута Бускетс загуби една топка на средината од теренот, Бензема одлично го проигра Винисиус, а овој го матира Тер Штеген за водство од 1:0.

Барселона иако не создаде големи шанси, сепак дојде до израмнување пред крајот на првото полувреме. Лук де Јонг помалку среќно го совлада Куртоа.

Во 72. минута Бензема постигна гол и го врати водството на Реал Мадрид, но десетина минути подоцна Ансу Фати повторно ги врати работите на почеток и го однесе натпреварот во продолженија.

На стартот на првото продолжение Валверде погоди за 3:2 и заслужено го однесе Реал Мадрид во финалето на Суперкупот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шкендија го крои тимот, купи Бразилец и се раздели со двајца фудбалери

Шкендија продолжува активно да го скројува ростерот за новата сезона. Тетовскиот клуб дене…