Дома Топ вести Реал не може да си го дозволи Мбапе

Реал не може да си го дозволи Мбапе

Килијан Мбапе никогаш не крие дека е навивач на Реал Мадрид и многумина веруваат дека еден ден тој ќе заигра во дресот на „кралевите“.

Реал Мадрид веќе подолго време прави план како да го донесе Французинот на „Сантиаго Бернабеу“, но медиумите тврдат дека „кралевите“ нема да можат да си го дозволат на лето.

Клубот има финансиски тешкотии поради пандемијата, што го прави невозможен трансферот на Мбапе, кој се очекува да биде најплатен фудбалер на светот.

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува во 2022 година, а „светците“ веќе му понудија нов со годишна плата од 50 милиони евра.

Токму тоа е проблем за Реал Мадрид, кој има финансиска моќ да плати 180 милиони за неговиот потпис, но не може да си дозволи плата од 50 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Италијанските гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на ПСВ

Италијанските гиганти Милан, Јувентус и Интер покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на П…