Дома Трансфер зона Реал му ја отвори вратата на Бејл и ја постави неговата цена!

Реал му ја отвори вратата на Бејл и ја постави неговата цена!

Зинедин Зидан на лето планира да прави голема реконструкција на тимот на Реал Мадрид, па на неколку ѕвезди ќе им ја отвори излезната врата, меѓу кои и Герет Бејл.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раководството на Реал Мадрид веќе го известило Герет Бејл дека планира да го продаде ова лето, притоа изразиле благодарност за неговото однесување од пристигнувањето во 2013 година.

Според шпанските медиуми, „кралевите“ му ветиле на Велшанецот дека како знак на благодарност ќе му го олеснат трансферот во клубот кој тој ќе го избере.

Како што тврди весникот „АС“, од свои инсајдерски извори, Реал планира да му го олесни заминувањето на Бејл, такашто ќе му даде да ја избере својата следна дестинација.

Ова значи дека Бејл е слободен до преговара со клубовите кои се заинтересирани за неговите услуги, а до овој момент, како главни кандидати за негов ангажман се издвојуваат Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.

Меѓутоа, „кралевите“ планираат ова лето најмногу пари да заработат од Бејл, па му поставија цена од 130 милиони евра, па останува да видиме дали заинтересираните клубови се спремни да ја платат оваа сума.

Уште една препрека при реализација на трансферот би можела да претставува неговата нето плата која изнесува 19 милиони евра годишно што ретко кој клуб може да си го дозволи.

Велшанецот за Реал одигра вкупно 227 натпревари и има скор од 102 погодоци и 63 асистенции. Оваа сезона на 38 настапи запиша 14 погодоци и пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…