Реал Мадрид е во потрага по нов напаѓач, а најново име на списокот е ѕвездата на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин.
Медиумите пишуваат дека „кралевите“ ги следат настапите на Сон кој има договор до јуни 2025 година и постои шанса да испратат понуда за неговиот потпис идното лето.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Сон има 31 година, но игра на врвно ниво, а доколку до лето не стави потпис на нов договор Тотенхем ќе биде спремен да го продаде.
Репрезентативецот на Јужна Кореја досега постигна пет гола во седум настапи во сите натпреварувања оваа сезона.