Реал Мадрид имаше сезона за заборав, па претседалот Флорентино Перез реши да го одврзе кесето и да направи реконструкција на тимот.
„Кралевите“ се исклучително активни во летниот преоден рок и веќе претставија пет засилувања за следната сезона за кои клубот одбвои 300 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, тоа не е крај за летниот шопинг на Реал Мадрид. Зидан сака уште еден врвен играч за врска, а прва мета е Пол Погба.
Французинот јавно изјави дека е спремен за нов предизвик во кариерата, но проблем е високата цена која ја постави Манчестер Јунајтед. Имено, „црвените ѓаволи“ за неговата слобода бараат 150 милиони евра.
Реал може да има проблеми со Финансискиот фер-плеј, па поради тоа мора да гледа на други алтернативи. Шпанските медиуми денес пренесуваат дека „кралевите“ се силно заинтересирани за ѕвездата на Наполи, Фабиан Руиз.
23-годишниот Шпанец минатото лето пристигна во Наполи од Бетис и одигра одлична сезона, притоа блеска со младата репрезентација на Европското првенство.
Зидан е голем симпатизер на неговата игра и дал „зелено светло“ за трансферот, а Реал спреми 70 милиони евра за неговиот потпис.
Real Madrid have set their sights on a €70m move for Napoli midfielder Fabián Ruiz. (Source: AS) pic.twitter.com/0LoN7mSehr
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 25, 2019