Дома Топ вести Реал Мадрид нема да жали пари за новиот француски талент!

Реал Мадрид нема да жали пари за новиот француски талент!

Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга е голема трансфер желба на Реал Мадрид.

17-годишниот играч за врска оваа сезона добива се поголема минутажа во тимот на Рен, а миниот викенд постигна победоносен гол против Лион.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Младиот Французин со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе го доби епитетот „новиот Погба“.

Зидан сака да го донесе во своите редови, па Реал веќе остварил првични контакти за ангажман на Камавинга. Проблем може да биде цената од 100 милиони евра која ја постави Рен.

Манчестер Јунајтед, Милан и Барселона исто така го следат младиот фудбалер, кој е роден во Ангола, но интересот на „кралевите“ е најконкретен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Го постигна еден од најлудите голови во Серија А, а сега објави пензија 🎥

Французинот Жереми Менез објави дека заминува во пензија на 37-годишна возраст. Сезонава М…