Дома Фудбал Лига на шампиони „Реал Мадрид мислеше дека го доведува најдобриот во светот, но најдобриот веќе го имаа“

„Реал Мадрид мислеше дека го доведува најдобриот во светот, но најдобриот веќе го имаа“

Винисиус Жуниор одигра спектакуларен натпревар против Борусија Дортмунд. Брилијантниот Бразилец постигна хет-трик во победата од 5:2 и уште еднаш потврди дека моментално е веројатно најдобриот играч на светот. Така мисли и легендарниот Џејми Карагер.

Легендата на Ливерпул Џејми Карагер нема дилеми и за него Винисиус моментално е најдобриот во светот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За време на емисијата во која игра улога на аналитичар, Карагер го изрази своето воодушевување од играта на бразилскиот фудбалер кој со три гола во вториот дел обезбеди победа за својот тим.

„Реал Мадрид мислеше дека го донесе најдобриот играч на светот (Мбапе), но тие веќе го имаа најдобриот (Винисиус Жуниор). Уживајте во освојувачот на „Златната топка““, изјави Карагер.

„Златната топка“ на „Франс Фудбал“ ќе биде доделена во понеделник и според сите најави добитник ќе биде фантастичниот Бразилец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…