Приоритет на Реал Мадрид следното лето ќе биде доведување на врвен дефанзивец, а на листата желби се двајца дефанзивци од Премиер лигата.
Првото име на списокот на „кралевите“ е Кристиан Ромеро од Тотенхем. Аргентинецот пред две години за 55 милиони евра пристигна од Аталанта и во првата сезона не ги оправда очекувањата.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Потоа одигра одлично на Мундујалот и минатата сезона беше стандарден, па Анчелоти верува дека би бил идеално решение за неговиот тим.
Второто име е Вилијам Салиба од Арсенал, кој се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата, но има долг договор со „топџиите“ и нема да го пуштат за помалку од 80 милиони евра.
🚨 Real Madrid will send a scout to today's North London derby as they consider moves for Arsenal's William Saliba and Tottenham's Cristian Romero next summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 15, 2024
(Source: Defensa Central) pic.twitter.com/IlVwaUtR31