Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти.
Скаутите на Реал Мадрид го следат веќе подолго време, а шпанските медиуми тврдат дека „кралевите“ сакаат да го доведат уште во јануари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид е во потрага по нов напаѓач, прва желба е Ерлинг Халанд, но тоа е нереална опција за јануарискиот преоден рок.
21-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него.
Бенфика во септември за потписот на Нуњес плати 24 милиони евра, па Реал сигурно ќе треба да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.