Реал Мадрид вчера изгуби од украински Шахтјор со 3:2 во Мадрид во првото коло од Лигата на шампионите и така ја продолжи низата од три порази во тоа натпреварување.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вакво нешто на Реал последен пат му се случило во 1981 година, но тогаш натпреварувањето се викаше Куп на шампиони. Од сезоната 1992/1993 откако натпреварувањето го промени името во УЕФА Лига на шампионите, три порази на Реал не му се случиле се до вчера.
Ќе потсетиме, во осминафиналето минатата сезона Реал два пати изгуби од Манчестер Сити.
Ситуацијата во тимот на Зидан е алармантна, најмногу поради тоа што во сабота играат „Ел Класико“ на гости кај Барселона.