Дома Фудбал Останато Рафиња мораше да се извинува поради маската за „Ноќта на вештерките“

Рафиња мораше да се извинува поради маската за „Ноќта на вештерките“

rafinha

Маската за „Ноќта на вештерките“ на фудбалерот на Баерн му направила сериозен проблем во Германија.

Бразилецот од сега во иднина добро ќе размисли пред да избере во што ќе се маскира.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овогодинешниот избор на Рафиња му направил сериозен проблем и денес бил приморан да испрати извинување за „скандалот“ кој изби во Германија брзо да заврши.

Десниот бек на Баерн се маскирал во арап кој во рацете носи пакет на кој пишува „внимание“. Следуваше вистинска хајка во германските медиуми кои го обвинија Рафиња за расизам.

Неговата фотографија после големата „бура“ која се крена е отстранета од Твитер профилот на Баерн, а Рафиња морал да се извини.

„Ноќта на вештерките е голема прослава, понекогаш маските ја поминуваат границата. Немав намера некого да вознемирам или со својата маска да повредам нечии чуства“, напиша Рафиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…