Дома Фудбал Репрезентации Рамос сакал да го израдува внукот со прославата, но доби жолт картон (ФОТО)

Рамос сакал да го израдува внукот со прославата, но доби жолт картон (ФОТО)

Серхио Рамос вчера постигна гол од белата точка за водство на Шпанија против Романија, а неговата селекција на крајот славеше со резултат 2:1.

Шпанците на незгодното гостување стигнаа до нова победа и имаат максимален учинок, па само чудо треба да се случи за да не се пласираат на Европското првенство.

Вчера Рамос после постигнувањето на голот истрча до една ТВ камера зад голот и гестикулираше така што покажа наочари и тоа ги налути домашните навивачи. Изгледаше како провокација, меѓутоа Рамос после натпреварот објасни дека немал намера некoго да провоцира.

„Жолтиот картон беше недоразбирање. Радувањето беше за мојот внук. Двајцата носиме наочари и тоа го направив за да го развеселам. Овој гол е за него“, изјави Рамос после натпреварот.

Рамос додаде и дека разговарал со судијата на полувремето.

„Главниот судија мислеше дека гестикулирам кон трибините, но јас навистина не го направив тоа“, изјави стоперот на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Зидан го пофали Лукас Да Куња за играта во средината на теренот

Зинедин Зидан изрази задоволство од настапите на Лукас Да Куња за Франција во Лигата на на…