Арон Рамзи ова лето пристигна во Јувентус како големо засилување, но не ги оправда во целост очекувањата во Торино.
Англиските медиуми тврдат дека Рамзи би можел да се врати во Премиер лигата и да го облече дресот на Тотенхем.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Мурињо е во потрага по квалитетен играч за врска, па Тотенхем веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Јувентус е спремен да го продаде и да се ослободи од неговата висока плата, а и самиот играч сака да се врати во Премиер лигата.
Овој трансфер би кренал лавина реакции на Островот и Рамзи сигурно ќе биде окарактеризиран како предавник, бидејќи 11 години го носеше дресот на Арсенал