Дома Топ вести Раководството на Реал имало состанок во доцна во ноќта

Раководството на Реал имало состанок во доцна во ноќта

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез бил последниот кој го напуштил „Сантиаго Бернабеу“ синоќа после дебаклот во Лигата на шампиони од Ајакс (1:4).

„Марка“ пренесува дека Перес го напуштил стадионот точно во 1:15 часот после полноќ, откако имал неколку состаноци после последниот свиреж на судијата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најпрво претседателот слегол во соблекувалната и побарал објаснување од играчите за тешкиот пораз. Пороа, откако завршила пресконференција на Солари следувал долг и сериозен разговор помеѓу двајцата.

Потоа имало состанок со раководсвото на кое присуствувале спортскиот директор Рамон Мартинес, извршниот директор Хосе Анхел Санчес и уште неколку директори.

„Марка“ открива дека раководството одлучувало дали Солари веднаш да добие отказ, но директорите заклучиле дека во моментов нема адекватен кандидат кој може да го замени Аргентинецот.

Состанокот траел до доцна во ноќта и на него било одлучувано за иднината и следните чекори кои треба да би преземи клубот.

Другиот мадридски весник „АС“ исто така пишува за кризниот состанок кој се случил синоќа на „Сантиаго Бернабеу“. Изданието тврди дека биле разгледувами темите за отказот на Лопетеги, лошиот избор на Солари, како и големите инвестиции кои клубот ќе ги направи на лето.

Солари иако не доби отказ синоќа после мечот, сигурно е дека нема да седи на клупата на „кралевите“ следната сезона. Основни кандидати за кормилото на Реал Мадрид се Жозе Мурињо, Макс Алегри, Маурисио Покетино и Јоаким Лев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…