Дома Топ вести Рабио на крајот може да заврши на „Олд Трафорд“

Рабио на крајот може да заврши на „Олд Трафорд“

Иако се чинеше дека трансферот на Рабио во Барселона е пред реализација, од тоа нема да биде ништо, откако Каталонците решија да стават крај на повеќемесечната „сапуница“.

Има повеќе причини поради кои на „Камп Ноу“ се одлучија да се откажат од трасферот на Рабио. Првата причина е Френки де Јонг кој на лето доаѓа од Ајакс во трансфер вреден 75 милиони евра, а втората причина е младиот Карлос Алења на кого Барселона сака да му даде поголема шанса во првиот тим.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сепак, каталонските медиуми дека главната причина била мајката на плејмејкерот, Вероник Рабио висока провизија при потпишувањето на договорот, како и плата од 10 милиони евра која Барса не била спремна да ја прифати.

Рабио одби да го продолжи договорот со ПСЖ и до крајот на сезоната ќе биде надвор од тимот, а последен клуб кој се вклучи во трката за неговиот потпис е Манчестер Јунајтед.

Наводно „црвените ѓаволи“ сакаат да го доведат на „Олд Трафорд“ и веќе стапиле во контак со неговата мајка, која е и негов агент.

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да ги искористи неговите сонародници Погба и Марсијал во преговорите, кои ќе треба да го убедат Французинот да ги избере токму „црвените ѓаволи“. Сепак, медиумите тврдат дека главна причина при неговиот избор ќе биде финансискиот аспект.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сити и Баерн сакаат да го „украдат“ талентот на Милан

„Бисерот“ Франческо Камарда го привлече вниманието на сите фудбалски клубови со своја…