Дома Фудбал Англија Пуки повторно беше расположен, но Челзи предводен од Абрахам ја запиша првата победа (ВИДЕО)

Пуки повторно беше расположен, но Челзи предводен од Абрахам ја запиша првата победа (ВИДЕО)

Денешната програма во Премиер лигата од од третото коло беше отворена со натпреварот помеѓу Норвич и Челзи.

Норвич и Челзи одиграа навистина фантастичен натпревар во кој видовме пет погодоци, а на крајот се радуваа „сините“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Рано уште во третата минута Абрахам го отвори резултатот, меѓутоа само три минути подоцна Норвич изедначи. Пуки кој игра во фантастична форма го пронајде Кентвел во петерецот, додека тој ја погоди мрежата.

Маунт ја врати предноста на Челзи во 17-тата минута. После половина час игра видовме и трет гол. Пуки кој беше асистент при првиот гол сега и самиот се запиша во листата стрелци. За него ова беше петти гол во третиот настап.

Во второто полувреме одново гледавме натпревар со по некоја шанса на двете страни, меѓутоа видовме само еден гол. Абрахам го постигна својот втор гол на натпреварот и така ги постави конечните 2:3 на дваесетина минути пред крајот.

Челзи сега после три кола има учинок од по една победа, пораз и реми, Норвич од друга страна го претрпе вториот пораз, а имаат и еден триумф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Статистиката и традицијата велат: Синер е идниот број еден!

Јаник Синер имаше почеток од соништата во оваа 2024 година. Го освои првиот Грен слем сезо…