Дома Топ вести ПСЖ ја прифати понудата од Реал: Мбапе е втор најскап играч во историјата

ПСЖ ја прифати понудата од Реал: Мбапе е втор најскап играч во историјата

Сагата околу трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид заврши, откако вечерва ПСЖ ја прифати понудата на „кралевите“.

Двата клуба преговараа неколку дена и Реал денес испрати последна понуда од 170 милиони евра плус 10 милиони како бонуси.

ПСЖ беше ставен пред „свршен чин“ бидејќи договорот на Мбапе истекува следното лето, а играчот веќе има договор со Реал Мадрид.

Вечерва ПСЖ потврди дека ја прифатил понудата од Реал Мадрид и Мбапе утре ќе го комплетира трансферот.

Французинот и официјално ќе стане втор најскап фудбалер на сите времиња и утре ќе пристигне во Мадрид на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…