Откако стана јасно дека Милан Скриниар нема да го продолжи договорот, раководството на Интер ја започна потрагата по негова замена.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека прва мета на „нероаѕурите“ е капитенот на ПСЖ, Приснел Кимпембе, кој оваа сезона добива мала минута.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Со доаѓањето на Скриниар во ПСЖ неговата минутажа додатно ќе се намали, па Французнот е спремен да ја промени средината.
Вредноста на 27-годишниот дефанзивец во моментов е околу 40 милиони евра, но Интер ќе мора да ја победи конкуренцијата.
Имено, за Французинот интерес покажуваат уште Јувентус и клубовите од Премиер лигата.