Фудбалерот на Челзи, Нголо Канте одбил да го продолжи договорот со лондонскиот клуб, пренесува „Атлетик“.




Канте влезе во последната година од договорот, а раководството на лондонскиот клуб му понуди на францускиот репрезентативец нов договор до јуни 2025 година со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.




Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Британските медиуми тврдат дека Канте им рекол на челниците на тимот од „Стемфорд Бриџ“ дека не е заинтересиран за понудата.




Француските медиуми пак тврдат дека ПСЖ силно го посакува Канте и дека „светците“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент.




ПСЖ работи на трансферот и сака да го донесе во Париз следното лето како слободен агент, а му нуди и повисока плата од таа која ја има во Челзи.