Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.
18- годишниот играч за врска веќе подолго време е на радарот на многу европски гиганти, па ова лето ќе биде жешка тема.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Камавинга долго се поврзуваше со Реал Мадрид, но ПСЖ и Баерн Минхен први презедоа конкретни чекори за негов ангажман.
„Екип“ пренесува дека спортскиот директор на ПСЖ минатата недела ги започнал преговорите со Рен. Камавинга на лето влегува во последната година од договорот, па неговата цена значително се намали и „светците“ наводно понудиле 30 милиони евра.
Баерн Минхен пак се обидува како дел од трансферот да го вклучи Толисо, Рен се согласува, но Французинот одбива да се пресели во Рен.
Останува да видиме кој ќе ја добие трката за неговиот потпис.