Дома Фудбал ПСЖ нуди нов договор, Мбапе има услови

ПСЖ нуди нов договор, Мбапе има услови

Младата ѕвезда на Пари Сент Жермен ќе се согласи да го продолжи договорот со „светците“, само ако во него биде ставена откупна клаузула, пренесуваат француските медиуми.

Мбапе сака во договорот да има поставено конкретна сума за која може да биде откупен и не крие дека е поласкан од интересот на Реал Мадрид и дека сака еден ден да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Во моментов договорот на Мбапе истекува во 2022 година и двете страни веќе подолго време се во преговори за продолжување на истиот.

ПСЖ е спремен да му понуди рекордна плата од 50 милиони евра по сезона, но не сака во договорот да има откупна клаузула, или пак се согласува доколку таа биде „астрономска“.

ПСЖ не сака да слушне за негова продажба, но и не се брза, бидејќи Мбапе дури следното лето ќе влезе во последната година од договорот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Динамо го притиска Хајдук: Оршиќ се враќа, Ковачевиќ подготвува промени

Динамо гостува кај Рудеш со бод помалку и натпревар помалку од лидерот Хајдук, а европскит…