Директорот на ПСЖ, Луис Кампос во интервју за француските медиуми откри дека не е задоволен од сработеното во летниот преоден рок.




Летово на „Паркот на принцовите“ дојдоа Витиња, Фабијан Руиз, Карлос Солер, Ренато Санчез, Норди Мукиеле и Уго Екитике.




Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Меѓутоа, „светците“ не успее да донесат врвен дефанзивец, а најголема желба беше Милан Скриниар од Интер.




„Не постигнавме совршен биланс во летниот преоден рок. Несомнено, имаме огромен квалитет во тимот, но не сме достигнале перфекција. Имаме само тројца стопери, а почнавме да играме во формација со тројца дефанзивци и сега се мачиме поради тоа“, изјави Кампос.




„Немавме добар преоден рок. Го донесовме Виња во првата недела, а потоа во следните шест, седум недели не направивме ништо. Во последните недели од преодниот рок цените се екстремно високи и не успеавме да доведеме врвен стопер“, додаде директорот.