Играчот за врска на Наполи, Алан сака да се пресели во ПСЖ и веќе ги договорил личните услови со францускиот клуб, тврдат италијанските медиуми.
Меѓутоа, Наполи не сака по никоја цена да се ослободи од Бразилецот во зимскиот преоден рок, бидејќи е многу важен играч во тимот на Анчелоти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Самиот Алан притиска да му биде дозволено да се пресели во Париз каде веќе се договорил со „светците“ кои му понудиле 4-годишен договор „тежок“ 32 милиони евра.
Пари Сент Жермен последно понудил 80 милиони евра за потписот на Алан, но Наполи ја отфрлил и таа понуда. Сопственикот, Аурелио де Лаурентис наводно ги известил „сцетците“ дека ќе го пушти Бразилецот само за понуда од 120 милиони евра.
Napoli, De Laurentiis: "Nessuna offerta per Allan, ma parliamo spesso col Psg" https://t.co/oFtzs1TLCI
— informazione sport (@infoitsport) January 23, 2019