Дома Топ вести ПСЖ има договор со Скриниар, Интер може да го загуби без пари

ПСЖ има договор со Скриниар, Интер може да го загуби без пари

Пари Сент Жермен не се откажува од намерата да го доведе дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар, пренесува еминентниот „Екип“.

Словакот беше главна трансфер цел на ПСЖ ова лето и „светците“ испратија неколку понуди, но сите беа одбиени од страна на Интер.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Нероаѕурите“ за слободата на Скиниар сакаа да добијат најмалку 70 милиони евра, додека ПСЖ не понуди повеќе од 60 милиони евра со вклучени бонуси.

Меѓутоа, проблем за Интер е што Скриниар влезе во последната година од договорот и веќе во јануари може слободно да преговара со заинтересираните клубови.

ПСЖ има договор со дефанзивецот и му нуди плата од 9 милиони евра по сезона, сума која Интер не може да си ја дозволи во моментов.

ПСЖ ќе се обиде со одредена сума да го добие Скриниар во јануари или во спротивно ќе го донесе следното лето без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…