ХЕСЕ РОДРИГЕЗ (30) пред десет години важеше за играч кој треба да биде иднината на шпанскиот и светскиот фудбал.
Како дете започна во младинските селекции на Реал, а во 2014 година го носеше и дресот на првиот тим на Кралевите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Овој офанзивец одигра 94 натпревари за Реал и постигна 18 гола со 15 асистенции. Има една Ла Лига, еден Копа дел Реј, едно Светско клупско првенство и две Лиги на шампиони.
Не е лоша статистика, но тогаш во конкуренција на Роналдо, Бејл, Иско немаше многу шанси да се бори за минутажа, а Реал во август 2018 година го продаде на ПСЖ за 25 милиони евра.
Тука започна падот. За Парижаните постигна само два гола, а поголемиот дел од времето го мина на неуспешни позајмици во Лас Палмас, Бетис, Стоук и Спортинг.
Пред две години, кога му истече договорот со ПСЖ, тој остана без клуб и се обиде уште еднаш во Лас Палмас. Не помина добро а потоа потпиша за Анкарагуџу во Турција. Бидејќи и таму не се снајде најдобро, во февруари оваа година се пресели во Сампдорија. Таму постигна само еден гол со една асистенција, а тимот од Џенова испадна од Серија А.
Во септември тој потпиша за Коритиба, нов член на бразилскиот прволигаш, а бидејќи математички стана јасно дека клубот нема да може да обезбеди опстанок во друштво на најдобрите, Хесе уште еднаш доби раскин на договорот. За три месеци, тој одигра само 90 минути поделени на шест натпревари.
Во секој од нив тој влезе од клупата, а гол постигна само против Флуминенсе на Маракана. Бидејќи Коритиба испадна од лигата, управата на клубот реши да ги намали трошоците и да се ослободи од сите играчи со најголеми примања. Има само 30 години, ако се средат работите, тој сепак може да игра на високо ниво, но прашање е само каде бидејќи очигледно веќе никој не го сака.