Дома Трансфер зона ПСЖ донел конечна одлука за иднината на Нејмар!

ПСЖ донел конечна одлука за иднината на Нејмар!

Со елиминацијата од осминафиналето од Баерн Минхен, ПСЖ претрпе уште еден сериозен удар, па веќе се најавуваат големи промени во престолнината на Франција.

Според последните најави прв на удар би можел да биде Бразилецот Нејмар.


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Нејмар во секоја сезона го нема баш во најважниот период од сезоната, а неодамна беше пресметано дека поради повреда од неговото доаѓање поминал вкупно две години надвор од терените.

Тоа е премногу за фудбалер кој беше платен 222 милиони евра и кој заработува 35 милиони евра по сезона. Токму неговата плата може да биде најголем проблем во неговото заминување, ниту еден друг клуб од Европа нема да му ја овозможи истата.

Сега во Париз се спремни поради тоа да ја намалат неговата цена, не се открива колку, но се шпекулира за сума помеѓу 50 и 70 милиони евра. Сигурно дека би имало интерес од арапските клубови, но засега не е јасно дали 31-годишниот фудбалер е расположен да ја напушти Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал експресно најде замена, во Мадрид доаѓа најталентираниот дефанзивец во Европа

Примарна трансфер цел на Реал Мадрид ова лето ќе биде централниот дефанзивец на француски …