Дома Фудбал Останато ПСЖ го суспендираше Рабио поради „лајк“ на Инстаграм

ПСЖ го суспендираше Рабио поради „лајк“ на Инстаграм

0

Пари Сент Жермен денес одлучи да го суспендира младиот играч за врска Адриан Рабио, а преку соопштение ги наведе и причините за таквата одлука.

Французинот не сакаше да го продолжи договорот со матичниот клуб, па на „Паркот на принцовите“ одлучија да го отстранат од првиот тим и го испратија на трибините.

Сега играчот за врска се соочува и со казна. „Светците“ го суспендираа до 27-ми март поради тоа што веднаш по елиминацијата од Манчестер Јунајтед замина во ноќен клуб.

И не само тоа, му се замерува и што го „лајкнал“ видеото на Патрис Евра како со Пол Погба ја слави победата на Јунајтед на трибините.

„Мислам дека тоа е неприфатливо однесување и непрофесионален став на еден играч преа клубот, соиграчите и навивачите“, изјави спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике.

Рабио и ПСЖ веќе подолго време се во лоши односи, а односот се расипа кога играчот одби да го продолжи договорот и почна да кокетира со други клубови.

Рабио на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти Пари Сент Жермен како слободен играч, а последните информации говорат дека кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

Имено, Манчестер Јунајтед е последниот клуб кој се вклучи во трката за неговиот потпис и веќе започна преговори со неговите агенти (ОВДЕ).

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најбрзите во Премиер лигата: Голманот на Фулам бил побрз од Салах!

Сезоната во Премиер лигата е завршена, а сега е откриено кои играчи беа најбрзи во ова нат…