Францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен ја зголеми предноста на врвот на табелата оваа сезона со победата на домашен терен против Монако со 5-2 во првиот натпревар од 13. коло.
Головите за ПСЖ ги постигнаа Гонкало Рамос (18), Мбапе (39-11 м.), Дембеле (70), Витиња (72) и Коло Муани (90+6), додека стрелци за Монако беа Минамино (22) и Балогун (75).
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Лидерот ПСЖ сега има 30 бода, четири повеќе со натпревар повеќе од второпласираната Ница или шест повеќе од третопласираниот Монако.