Дома Топ вести ПСЖ бара напаѓач, прва мета Влаховиќ

ПСЖ бара напаѓач, прва мета Влаховиќ

Душан Влаховиќ беше еден од најбараните напаѓачи во Европа и во јануари се пресели во Јувентус за 80 милиони евра.

Меѓутоа, српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро во Јувентус и се вклопи во „сивилото“ на тимот. Наводно играта на тимот воопшто не му одговара и е спремен да ја промени средината.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека силен интерес за Влаховиќ покажува ПСЖ.

Тренерот Галтие потврди дека „светците“ се во потрага по класичен напаѓач кој ќе може да му отвара повеќе простор на Мбапе, а најголема желба е токму Влаховиќ.

Јасно е дека Јувентус нема да сака да го пушти најдобриот стрелец на средина од сезоната, но ПСЖ спрема богата понуда.

Наводно „светците“ се спремни да платат 100 милиони евра за српскиот репрезентативец после Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тен Хаг со последната изјава си го „потпиша“ отказот во Манчестер Јунајтед?

Ерик тен Хаг дефинитивно не го подобри Манчестер Јунајтед и тоа им е јасно на сите. Од доа…