Поранешниот спринтер од Јамајка и денешен фудбалер Јусеин Болт остана без уште една можност да пронајде нов клуб.
Болт неодамна неуспешно ја заврши пробата во Централ Коуст Маринерс, а од тогаш се поврзува со бројни клубови, а пред неколку дена на ред дојде и турски Сиваспор.
Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Сепак, од овој клуб се огласија дека не се заинтересирани за ангажирање на овој играч.
Да потсетиме, Болт пред неколку дена изјави дека до крајот на овој месец ќе одлучи дали ќе прифати некоја од понудите кои ги има или ќе се откаже од фудбалот.