Дома Топ вести Промени во Челзи: Заминува клупската легенда, доаѓа засилување од 70 милиони

Промени во Челзи: Заминува клупската легенда, доаѓа засилување од 70 милиони

Челзи се уште не се откажал од левиот бек на Јувентус Алекс Сандро и ќе се обиде да го донесе во зимскиот преоден рок.

Ова лето англискиот шампион се обиде да го донесе Барзилецот, но Јувентус ги одби сите понуди. Наводно сега „старата дама“ е спремна да го продаде Алекс Сандро доколку пристигне понуда од 70 милиони евра.


Сандро во 2015 година пристигна во Порто за 26 милиони евра и се етаблираше како еден од најдобрите во Европа. Медиумите тврдат дека Челзи е спремен да ја плати сумата која ја бара Јувентус.

И додека Алекс Сандро би требало да го засили Челзи, клубот од „Стенфорд Бриџ“ би можел да го напушти бразилскиот стопер Давид Луиз кој е во конфликт со тренерот Конте.

Луиз во два наврати е дел од Челзи и има одиграно скоро 200 натпревари во дресот на „сините“, а се шпекулира дека може да го напушти Челзи во јануари за 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…