Дома Македонски спорт Мак баскет Прогласени најдобрите во кошарката: Главната награда за Димитријевиќ!

Прогласени најдобрите во кошарката: Главната награда за Димитријевиќ!

Македонскиот кошаркар кој го носи дресот на Хувентус, Ненад Димитријевиќ вчера беше прогласен за најдобар кошаркар во годината на гала вечерта.

За 21 годишниот кошаркар ова е прва ваква награда со што им се придружи на големи имиња како: Петар Наумоски, Гечевски, Антиќ, Чековски, Војдан и Дамјан Стојановски…

Најмногу награди на гала вечерта завршија кај МЗТ Скопје (четири). Две скопскиот тим за најдобри екипи во сениорска и младинска конкуренција, како и за најдобар тренер кај сениорите (Ѓорѓи Кочов) и во машка младинска конкуренција (Горан Крстевски).

Помеѓу другите награди се додели и наградата за најдобра кошаркарка која заврши во рацете на Александра Стојановска.

Листа сите доделени награди:

Најдобар кошаркар: Ненад Димитријевиќ (Шпанија).

Најдобра кошаркарка: Александра Стојановска (Албанија).

Најдобар тренер во странство: Емил Рајковиќ.

Најдобар тренер во машка конкуренција: Ѓорѓи Кочов.

Најдобар тренер во женска конкуренција: Жаклина Стојановска.

Најдобра машка екипа: МЗТ Скопје.

Најдобра женска екипа: ЖКК Вардар.

Најдобар судија: Александар Милојевиќ.

Најдобра младинска репрезентација: Машка кадетска репрезентација.

Најдобар млад кошаркар: Андреј Јакимовски (Италија)

Најдобра млада кошаркарка: Илина Селцова (Унгарија).

Најдобар тренер во машки младински категории: Горан Крстевски (МЗТ Скопје).

Најдобар тренер во женски младински категории: Владимир Ѓоровиќ (Струга 2009).

Најдобра машка младинска екипа: МЗТ Скопје.

Најдобра женска младинска екипа: Бадел 1862.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Може да пропадне летното засилување за Вардар: Санталов има преддоговор, но клубот се распаѓа

И Покрај тоа што Вардар се наоѓа во тешка ситуација деновиве во медиумите со Вардар се пов…