Дома Фудбал Англија Проблем за Тен Хаг, Манчестер Јунајтед остана без двајца дефанзивци

Проблем за Тен Хаг, Манчестер Јунајтед остана без двајца дефанзивци

Дефанзивците на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез и Серхио Регилон се здобија со повреди и ќе отсуствуваат од терените во наредниот период.

Потешка е повредата на Лисандро Мартинез кој долго време ќе биде надвор од терените.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Лисандро Мартинез ќе паузира подолг период поради влошување на повредата на стапалото која го мачи од април, а која ја обнови на неодамнешниот натпревар против Арсенал. Сега му треба одреден период на рехабилитација и ќе отсуствува подолг период“, потврдија од клубот.

Јунајтед ќе биде и без бекот Серхио Регилон за саботниот натпревар против Кристал Палас на „Олд Трафорд“, но се очекува брзо да се врати на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ајнтрахт одби 80 милиони од Њукасл за Екитике

Ајнтрахт Франкфурт ја отфрли понудата од Њукасл за Уго Екитике, пренесува Флоријан Плетенб…