Дома Фудбал Останато Пристигнува ново звучно име: Познато кој ќе го наследи Креспо на клупата на шампионот во азиската ЛШ

Пристигнува ново звучно име: Познато кој ќе го наследи Креспо на клупата на шампионот во азиската ЛШ

Поранешниот тренер на Брага, Спортинг, Монако и Ал Хилал, Леонаро Жарди ќе го преземе Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати, објави познатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо.

На оваа позиција, Жардим ќе го замени Ернан Креспо кој поради лошите резултати доби отказ пред два дена. Најавите се дека Жарди ќе потпише договор до крајот на сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Креспо беше сменет по дебаклот против Ал Наср во минтото коло од Азиската Лига на шампионите со 5:1. Тоа беше четврти натпревар во низа без победа за неговиот тим.

Минатата сезона Креспо успеа на Ал Аин да му ја донесе титулата шампион на Азија, сепак тоа сега не му помогна да ја задржи работата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Што му требаше ова на Мбапе: Французот повторно се обидува да биде поголем од Реал (Видео)

Килијан Мбапе направи потег каков што се нема видено на натпревар против Алавес. Последнит…