Минатото лето Атлетико Мадрид плати 72 милиони за за ѕвездата на Монако Тома Лемар, кој стана рекорден трансфер во историјата на „јорганџиите“.
Меѓутоа Французинот воопшто не ја оправда довербата во мадридскиот клуб и може да си замине после само една година, пренесува „Марка“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лемар беше купен по препорака на Гризман, кој ја одби понудата на Барселона и остана во Атлетико. Диего Симеоне пак веруваше дека 23-годишниот крилен играч ќе донесе нешто различно во играта на неговиот тим.
Atlético Madrid : L’ultimatum de Diego Simeone à Thomas Lemar https://t.co/N9yH40Bfbm pic.twitter.com/sTj3GiGrga
— Eurofoot (@Eurofoot5) March 25, 2019
Светскиот шампион со Франција оваа сезона зеде учество во 36 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна само 2 гола и запиша 4 асистенции. Основниот проблем е што Лемар тешко се привикнува со дисциплината која на наметнува Симеоне.
Поради тоа шпанските медиуми пренесуваат дека „јорганџиите“ ќе го стават Лемар на трансфер листа, но јасно е дека нема ни приближно да ја вратат вложената сума за него.