Дома Македонски спорт Мак фудбал Претставници на ФИФА ја посетија ФФМ академијата

Претставници на ФИФА ја посетија ФФМ академијата

ФИФА претставниците, Томас Данилевичиус, во улога на регионален технички консултатнт за Европа и Јург Непфер, во улога на сениор консултатнт за фудбалски развој, во периодот од 25. до 28. март беа во работна посета на „Куќа на фудбалот” и академијата на ФФМ.

Гостите од ФИФА остварија работна средба со лицата задолжени за развој на академијата на ФФМ, на која беа презентирани проектите на ФИФА во делот за развој на фудбалската игра до 2026 година, можноста и начинот за нивно аплицирање за добивање на финансиска и материјална помош од ФИФА за нивна реализација и увид во моменталната состојба во Фудбалската федерација на Македонија во делот на техничкиот развој.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Фудбалската федерација, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Наталиа Илиевска Божиновска одржаа состанок со двајцата претставници на ФИФА, Томас Данилевичиус и Јург Непфер на кој се дискутираше за важноста на развојот на младинскиот фудбал во Македонија.

Томас Данилевичиус и Јург Непфер, исто така остварија работни состаноци за различни теми со Зоран Стратев – технички Директор на ФФМ,  Жарко Игњатовски – менаџер на секторот за меѓународен фудбал и развој, Аница Трајкова – одговорна за женскиот фудбал во ФФМ. 

„Ова е моја прва посета на Фудбалската федерација на Македонија, но имам чувство дека долго време ги познавам луѓето. Подготвени се, способни и имаат волја за работа. Благодарен сум за искуството кое го имавме во изминатите три дена. Во вашата федерација видовме тим на луѓе подготвен да го развива веќе започнатиот процес за развој на млади фудбалери. Од топ менаџментот до лицата задолжени за техничкиот развој работат професионалци, а процесот за развој на млади таленти е чист и веќе добро структуиран. Важно е дека имате метод и знаење за тоа како да пронајдете талент и преку соодветни програми да го надградувате, се со цел во иднина да биде дел од националните селекции. 

Оваа наша посета првенствено беше да ги запознаеме луѓето вклучени во овој процес, да бидеме блиски со нив во иднина и како еден од стратешките партнери на федерацијата да го развиваме и имплементираме долгорочниот план за технички развој и напредок на младите фудбалери преку шемата за развој на таленти на ФИФА. Сакаме да развиеме елитни фудбалери во земјите каде што има потенцијал за понатамошен развој, а Македонија дефинитивно е една од нив. Потенцијалот овде е навистина огромен. 

Ќе бидеме во тесна соработка и навистина со нетрпение ги очекувам нашите следни активности за промовирање на играта во која се вклучени момчиња и девојчиња, изјави Томас Данилевичиус.

 Согласно петходно договорената агенда, остварија и работна посета на еден македонски фудбалски клуб, ФК Работнички во нивните простории каде се разговараше околу делот на техничката организација и развој на самиот клуб, со претставниците  Ненад Монев – генерален секретар на ФК Работнички и Горан Станиќ – координатор на младите категории на ФК Работнички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…