Дома Топ вести Претседателот на Ла Лига: Правилата важат за сите, Меси може и да не остане во Барса

Претседателот на Ла Лига: Правилата важат за сите, Меси може и да не остане во Барса

Барселона ќе мора драстично да ги намали расходите за плати на фудбалерите, ако сака да го задржи Лионел Меси, потврди претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Легендата на каталонскиот клуб е слободен играч откако му заврши договорот минатиот месец. Во моментов Барселона не може да го потпише новиот договор бидејќи има сериозни финансиски проблеми.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Според лимитот кој го постави Ла Лига Барселона ќе мора да ги намали платите за 180 милиони евра, а до тогаш не може да го продолжи договорот со Меси.

„Правилата се за сите и треба да се почитуваат – од Барселона до Алкоркон. Ако Барселона не се ослободи од играчите со големи плати ќе биде невозможно Меси да остане“, изјави Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

УЕФА може да направи револуција во преносите: Лига на шампиони ќе гледаме на Нетфликс?!

Според извештајите, УЕФА е подготвена да направи значителна промена во емитувањето, што мо…