Дома Трансфер зона Претседателот на Барселона: Знам што ќе се случи со Де Лихт!

Претседателот на Барселона: Знам што ќе се случи со Де Лихт!

Каталонскиот гигант Барселона важи за најголем фаворит за доведување на холандскиот дефанзивец Матијас Де Лихт од редовите на Ајакс.

Често се пишуваше за тоа дека 19 годишниот стопер веќе ја избрал Барселона за своја наредна дестинација, иако во своите редови сакаат да го видат уште неколку тимови како Јувентус, Баерн, Реал Мадрид…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најгласен во тврдењата дека Де Лихт ќе тргне по стапките на неговиот соиграч од Ајакс, Де Јонг кој го комплетираше трансферот во Барселона и ќе пристигне во летото кое следи беше шпанскиот „Мундо Депортиво“. Овој медиум во изминатиот период неколку пати излегуваше во јавноста дека Де Лихт прифатил да премине во Каталонија.

Тоа може да се заклучи и по зборовите на претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу, кој јавно проговори на оваа тема.

„Знам точно што ќе се случи со него, но сега не е време да зборуваме за тоа“, изјави претседателот на Барселона.

„Секој клуб сака да ги има најдобрите фудбалери во тимот, а Де Лихт е еден од најдобрите дефанзивци во светот“, додаде Бартомеу.

Цената на младиот фудбалер изнесува околу 60-70 милиони евра, а наводно Барселона е спремна да му понуди плата од 10 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…